Иванов: Како претседател секогаш ќе говорам на македонски јазик
Се додека сум претседател ќе говорам на македонски јазик, рече претседателот Ѓорге Иванов, на денешниот брифинг со претставниците на медиумите, по повод неговото учество на Лидерскиот самит посветен на мигрантската криза, одржан во неделата во Европската комисија во Брисел.
- Во Европска унија секој си го говори својот јазик. Меркел цела вечер на конференцијата говореше германски, Ципрас на грчки, Борисов говореше на бугарски. Јас говорев на македонски јазик. Знаете дека јас го вратив извештајот на Европската комисија затоа што ни го бришеа македонскиот јазик. На што ќе личеше јас да зборувам на друг јазик. Се додека сум претседател ќе зборувам на македонски јазик, рече претседателот Иванов.
Додаде дека во својство на професор, понекогаш предавањата ги држи на англиски јазик. - На некои патувања кога имам предавања, се обраќам на англиски јазик, додека во политичка институција, во Европската унија, во Обединетите нации секогаш ќе го говорам македонскиот јазик, како што Путин го говори рускиот, Меркел германскиот, како Обама англискиот, рече претседателот Иванов.
Јас како претседател, рече Иванов, го чувам македонскиот јазик. - Тоа е и начинот да си го чуваме и докажуваме нашиот индентитет, кога другите ни го оспоруваат, објасни претседателот Иванов на денешниот брифинг со новинарите, свикан по повод учеството на македонскиот претседател на Лидерскиот самит посветен на мигрантската криза, одржан во неделата во Европската комисија во Брисел.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација