Македонија
19. јуни 2017 - 17:48

Иванов следеше показна вежба на армијата

Формирање набљудувачница, проверка на борбената готовност, дотур на храна – ова се дел од задачите на средната пешадиска баталјонска група на АРМ. Таа денеска од командното место во реонот на Катланово  ја тестираше својата подготвеност. Показната вежба е дел од подготвителните активности за обнова на сертификатот издаден од НАТО кој гарантира подготвеност за вклучување на баталјонот во мировните мисии на алијансата.

Вежбата на Средната баталјонска бригада ја следеше и врховниот командант на воените сили, Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. Пред него беа претставени активностите за воспоставување на реални врски и комуникации, работата на тактичкото командно место и оперативните способности.

Вежбата за работа на командното место на пешадиската група е дел од низата обуки за обновување на НАТО сертификатот кој истекува годинава.

Оценувањето за повторно сертифицирање на средната пешадиска баталјонска група, НАТО ќе го спроведе на крајот од септември.. Од АРМ очекуваат дека без проблеми ќе ги исполнат барањата на северноатланската алијанса.