ИВАНОВИ И ИВАНОВИ

Loading Video...

Серијата „Иванови и Иванови“ е една од најпопуларните телевизиски остварувања во Русија и добитник на престижната награда „ТЕФИ“ на Руската Академија за телевизија.

Две семејства од рускиот град Воронеж со различен социјален статус дознаваат дека во породилното случајно им се заменети децата.

По 16 години, возрасните одлучуваат да ја исправат грешката направена во болницата. Сега Иван ќе мора да научи да преживува во куќата на сиромашните биолошки родители, додека Данилo да се запознае со правилата на однесување во богатото семејство.

Наскоро куќата на сиромашните Иванови ќе изгори до темел, по што тие ќе мора да живеат под ист покрив со богатите Иванови.

Заедничкиот живот на двете семејства не е лесен. Тие ќе мора постојано да прават компромиси.

Во исто време, родителите се зближуваат со нивните „нови“ синови, но не ги забораваат ниту „поранешните“.