Џет-Сет
13. January 2016 - 11:18

Избегната трагедија, изгоре кафеаната на Станија

Гостите од кафеаната „Дукат“ во Нови Сад каде косопственичка е старлетата Станија Добројевиќ, се евакуирани во понеделникот вечер откако во локалот избил пожар.

Локалот во тој момент бил преполн со гости и во тек била прослава на 18.роденден.

Гостите од кафеанта велат дека е избегната трагедија зошто на местото веднаш пристигнале три пожарни возила.

Старлетата Станија Добројевиќ вели дека е многу потресена, и додава дека од неодамна веќе не е сосопственик на кафеаната.

-Ми истече договорот со „Дукат“, но шокирана сум. Сопствениците се мои пријатели и чувствувам како мене нешто да ми се случило, вели победничката од реалното шоу „Фарма 6“.