Македонија
24. February 2016 - 16:11

Изборите ќе се одржат на 5 јуни - Со 83 гласа 3А, Собранието и стави крај на долгата и неизвесна ноќ

Изборите ќе се одржат на 5 јуни. Со 83 гласа и 3 против Собранието и стави крај на долгата и неизвесна ноќ. 6 април ќе биде последниот работен ден за пратениците од овој парламентарен состав. На 7 април, законодавниот дом се распушта.

За предлогот поднесен од ДУИ и ДПА не гласаа само пратениците на СДСМ.

Груевски со порака. Ова е последно одложување

Иако бараа одложување на изборите, социјалдемократите повторно незадоволни си заминаа дома.

По средбите со сите политички лидери меѓународниот фактор со јасен став. Изборите мора да се одржат на 5 јуни

Целата постапка на одложување на изборите закажани за 24 април не помина без редовните партиски препукувања во Собранието

Изборите на 5 јуни треба да донесат крај на политичката криза во која СДСМ ја втурна Македонија на почетокот од минатата година. Според  анкетите на сите релевантни рејтинг агенции, СДСМ го чека повторување на резултатите од изборите во 2014та.