Балкан
25. September 2016 - 15:35

Изетбеговиќ: Нема да има војна, никој нема да ја уништи Република Српска

Претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ изјави дека во Босна нема да има војна и никој нема да ја уништи Република Српска.

- Ние ќе ја чуваме оваа земја и Дејтонскиот мировен договор и сите граѓани, и Србите и Хрватите и Бошњаците. Нема да има никакви војни, бидејќи ќе се вразумат оние во Бања Лука, истакна Изетбеговиќ.

Тој додаде дека никому во БиХ не му е потребна војна, а „војните почнуваат кога еден народ ќе го донесете во ситуација веќе да не може да издржи некои работи, а во таа позиција не се наоѓа никој во земјата“.

- Најтешко им е на Бошњаците повратници во РС. Нема да се случи Србите во БиХ да започнат војна за да отцепат нешто со кое владеат суверено и луѓето нема да тргнат во тој правец, нагласи Изетбеговиќ.