Изетбеговиќ: Заклучоците на Народното собрание на Република Српска се неспроведливи
Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ како неспроведливи ги оцени синоќешните заклучоци на Народноот собрание на Република Српска во кои, меѓудругото, се зборува за враќање на одземените надлежности на ниво на ентитети, како и за можноста за самоопределување на РС.
-Тоа беше обид со невистини ентитетот да се обиде да и се наметне на државата. Тоа во овој момент е неспроведливо. Целта е можеби во иднина, со надеж дека НАТО ќе биде „мртов”, некои работи, сепак, да се спроведат, рече Изетбеговиќ во дневникот на федералната телевизија ФТВ.
Тој смета дека е крајно време меѓународната заедница во БиХ да им се спротивстави на овие појави за тие конечно да запрат. Тој ги повика членовите на Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот (ПИЦ) конечно да го предупредат Милорад Додик.
Народото собрание на Република Српска на посебна седница, што траеше синоќа до длабоко во ноќта, усвои инфорамција за неуставната трансформација на дејстонската структура на БиХ и влијанието на положбата и правата на Република Српска.
Притоа беа усвоени 20 заклучоци што се однесуваат на иницијативата за укинување на Канцеларијата на високиот претставник, укинување на бонските овластувања, почнување реформа на правосудните институции на ниво на БиХ, потоа зачувување на дејтонската структура и широка автономија на ентитетите до самоопределување, како и соработка со НАТО, но не и членство на БиХ во Алијансата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација