Изгаснат шумски пожар кој зафатил и три куќи во село Вранинци
Припадниците на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани имаа ефикасна интервенција за гаснење шумски пожар во атарот на планинското село Вранинци.
Во огнот изгореа два хектара нискостеблеста шума, а зафатени биле и три објекти во селото во кои не живеел никој.
– Веднаш по пријавата за пожарот излеговме на терен со три возила и девет наши пожарникари, а поддршка добиме и од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, од каде ни се придружија шестмина волонтери. Со брза и ефикасна интервенција спречивме огнот да се прошири и не предизвика поголеми штети. Поради стрмниот и тешко пристапен терен, потребни беа неколчку часа за целосно локализирање и ставање на пожарот под контрола, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Заради утврдување на причините за пожарот увид на локацијата направија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Кочани и надлежен инспектор.
Професионалните пожарникари и нивните колеги волонтери од Кочани упатија заеднички апел до граѓаните да не палат оган на отворено, да бидат внимателни и да ги почитуваат законските мерки при престој во шума.
Ново на Сител
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово