Изгаснат шумски пожар кој зафатил и три куќи во село Вранинци
Припадниците на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани имаа ефикасна интервенција за гаснење шумски пожар во атарот на планинското село Вранинци.
Во огнот изгореа два хектара нискостеблеста шума, а зафатени биле и три објекти во селото во кои не живеел никој.
– Веднаш по пријавата за пожарот излеговме на терен со три возила и девет наши пожарникари, а поддршка добиме и од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, од каде ни се придружија шестмина волонтери. Со брза и ефикасна интервенција спречивме огнот да се прошири и не предизвика поголеми штети. Поради стрмниот и тешко пристапен терен, потребни беа неколчку часа за целосно локализирање и ставање на пожарот под контрола, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Заради утврдување на причините за пожарот увид на локацијата направија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Кочани и надлежен инспектор.
Професионалните пожарникари и нивните колеги волонтери од Кочани упатија заеднички апел до граѓаните да не палат оган на отворено, да бидат внимателни и да ги почитуваат законските мерки при престој во шума.
Ново на Сител
-
Најмалку седум лица загинаа во самоубиствен напад во Сомалија
-
Во Њујорк поради поплавите прогласена вонредна состојба
-
Руски блогер осуден на 8,5 години затвор поради критики на инвазијата врз Украина
-
Тен Хаг: Оптовареноста на фудбалерите со натпревари е неподнослива
-
МЗ уверува дека глукомерите се безбедни, идната недела дел од пациентите ќе добијат сензори
-
Во Косово уапсен Србин осомничен за воени злосторства во 1998 година во Призрен
-
И Норвешка ја затвора границата за автомобили регистрирани во Русија
-
Мицкоски се сретна со Роберт Скот Хејзлет од НДИ