Македонија
30. September 2016 - 14:23

Изгоре автомобил паркиран покрај училиштето во Батинци

Во скопското село Батинци синоќа во 21,40 часот кај училиштето, од засега непознати причини целосно било изгорено патничко возило “Нисан Навара“ сопственост на А.Д.(48) од истото село.

МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистувањена настанот.