Бизнис
19. August 2015 - 19:43

Изградба на силоси преку ИПАРД 2 програмата

ИПАРД -2 програмата достапнна за крупните производителите на житни култури. Тие ќе можат да аплицираат за набавка на силоси, на кој начин ќе ја избегнат зависноста од мелничарите и ниските откупни цени на пченицата и јачменот во тек и по завршување на жетвата.

Да имаат можност да го складираат во сопствените силоси, па кога ќе биде цената поволна, тогаш да ги продаваат сопствените производи- изјави Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Р.М.

Досега земјоделците родот го чуваа несоодветно, во вреќи, складирани во штали и амбари полни со глувци или пак плаќаа скапи надоместоци да им се чува по млиновите. Од друга страна пак, некои од мелничарите купија или закупија силоси во соседството.

Новина е е и тоа што Владата го одобри предлогот на земјоделците за формирање на гарантен фонд со средства од околу 20 милиони долари и се чека да помине во парламентот.  Неговата улога е да биде гарант преку домашните комерцијални банки на 50 % од финансиите што ќе ги вложат земјоделците во сопственото производство.