Ракомет
21. January 2017 - 18:55

Изјави од прес конференција Македонија - Норвешка

По натпреварот Македонија - Норвешка на прес конференцијата актерите изјавија:

Селекторот на Македонија Лино Червар:

-Мојот тим во првиот дел добро и без Миркуловски и Манасков, „5-1 одбраната“ играше добро агресивно. Норвешка која е многу добра репрезентација  и направивме проблем. Норвешка во вториот дел имаше многу повеќе шанси. Норвешка ја заслужи победата и мислам дека ќе победи и во следниот натпревар.

Селектор на Норвешка Кристијан Берге:

- Нападот „7-6“ беше непријатен, Македонија постигна 10 голови, во вториот дел почнавме добро во одбрана и дадовме 22 гола во едно полувреме што е навистина добро.

Филип Талески:

- Честитка за Норвешка за победата. За нас неиграњето на Миркуловски и Мансков беше проблем. И во вториот дел моралот на екипата падна, и ние младите од тимот не ги искористивме тие шанси. Ова треба да биде поука за нас и да не ги повториме грешките.

Кент Тонесен:

  -   Среќен сум од натпреварот. Нападот 7-6 беше добар, но на почетокот на вториот дел постигнавме лесни 4-5 голови.