-->
-->
Изјави од прес конференција Македонија – Полска
-->
Михаел Биглер, селектор Полска:
- Одигравме тежок натпревар сите 60 минути и изборивме пласман во следната рунда.Би им се заблагодарил на фантастичните навивачи. Тие ни помогнаа. Во првиот дел имавме проблеми во одбраната. Мора да го играме натпреварот со многу повеќе концентрација.
Ивица Обрван, селектор на Македонија:
- Честитки за моите играчи и за начинот на играта. Ова беше тврд натпревар во текот на целиот тек. Игравме силно пред 15.000 гледачи. Сметам дека за нашата игра заслуживме барем бод. Малку се паднати психички, но ќе се подготвиме за најважниот натпревар што ни следи со Србија.
Признанието најдобар на натпреварот го доби голманот на Полска, Славомир Шмал:
- Србија е силен тим на бековската линија, но ние ја очекувавме оваа игра на Македонија бидејќи тим со повеќе искуство.
И македонскиот голман Борко Ристовски имаше 11 одбрани како и Шмал.
- Прекрасно беше да се игра пред 15.000 навивачи. Тоа за мене беше одлична мотивација. Сега треба психолошки да се вратиме. Се надевам дека ќе играме подоброи дека ќе имаме шанса за победа против Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација