Македонија
11. December 2016 - 18:19

Излезноста до 17 часот во Крива Паланка 70 отсто

На два часа од затворање на избирачките места излезеноста на гласачи во општина Крива Паланка изнесува 70 отсто, додека дека во Ранковце е 66,2 отсто.

- Во општина Крива Паланка на вкупно 47-те избирачки места во градот и 33 населени места досега гласале 11.999 граѓани што претставува 70 отсто од вкупната бројка регистрирани гласачи, 17.068, информира Душко Арсовски, претседател на Општинска изборна комисија, Крива Паланка.

Во општина Ранковце на 13 избирачки места до 17 часот гласале над 66 отсто од гласачите. - Од вкупно регистрирани 3074 гласачи своето избирачко право досега го остварија 2156 или 66,2 отсто, изјави Даниел Трајковски, претседател на ОИК, Ранковце.

Во двете општини има вкупно 20.142 гласачи.