Македонија
3. јуни 2016 - 8:41

Изложба на ликовни творби по повод Денот на македонската статистика

Во Домот на АРМ денеска ќе биде отворена изложба на ликовни творби кои пристигнаа на Конкурсот на тема „Светот низ бројки“, кој беше распишан за сите ученици од петто до деветто одделение од основните училишта во Република Македонија.

Најдобрите ликовни творби ќе бидат наградени со признанија. 

Организатор на изложбата е Државниот завод за статистика, во рамки на одбележувањето на Денот на македонската статистика.