Македонија
19. November 2016 - 9:03

Изложба по повод 25 години независна Република Македонија

По повод 25 години од Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како независна и суверена држава во Музејот на македонската борба ќе биде поставена филателистичката изложба „Македонија и меѓународната заедница – 25 години независност на Република Македонија“.

Изложбата содржи богат картофилски материјал од збирката на Бранислав Светозаревиќ, посветена токму на најважните збиднувања во изминатие години од независноста до денес.

Збирката се состои од пригодни коверти, ФДЦ – коверти (прв ден на издавање), патувани и службени коверти, покани, разгледници и други материјали.

Бранислав Светозаревиќ е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата.