Македонија
1. August 2020 - 14:41

Изминатата седмица во Охрид и Дебар по 16, во Струга 48 потврдени случаи на КОВИД-19

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 25 до 31 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 16 лица од Охрид, 48 лица од Струга и исто 16 лица од Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земените 263 материјали за испитување 185 се собрани според епидемиолошки индикации, а 78 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар.

Во Охрид има 84 активни случаеви на КОВИД-19, во Струга 195, а во Дебар 108 пациенти. Во односниот период оздравени се 37 лица од Охрид, 43 лица од Струга и 17 лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани два смртни случаи поврзани со КОВИД-19, и двата од Општина Струга.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден КОВИД-19 е регистриран кај вкупно 916 лица во односните општини и тоа 272 лица во општините Охрид и Дебрца, 449 лица во општините Струга и Вевчани и 195 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 186, од Струга се 225, а од Дебар и Центар Жупа се 79 пациенти. Во Охридско починати се седум лица, во струшко 43, а во Дебар и Центар Жупа пет лица.