Македонија
14. January 2020 - 8:53

Изминатото деноноќие 13 сообраќајки во Скопје, лесно повредени пет лица

Вкупно 13 сообраќајни незгоди се случиле изминатите 24 часа на територијата на Град Скопје. Во 11 од нив е предизвикана само материјална штета, а во две се лесно повредени пет лица, соопшти СВР.

Две возила се исклучени од сообраќај зашто не биле регистрирани, а исклучени се и двајца возачи кои управувале со возилата иако сé уште немаат право на тоа.

Според СВР, во текот на деноноќието со пајак се подигнати 54 возила поради непрописно паркирање.

Од преземените мерки кон пешаци, три се за поминување на црвено светло, а девет за минување улица вон пешачки премин.