Изминатото деноноќие во Скопје 11 сообраќајки, осум лица лесно повредени
Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на МВР, полицијата евидентирала 36 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај исклучила 15 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници.
Отстранети се и 13 возила кои биле технички неисправни и девет возила нерегистрирани. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 88 возила.
За не прописно паркирање полицијата издала 111 мерка. Казнети се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, двајца возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и четворица возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.
Санкционирани се и 12 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи за користење мобилен телефон за време на управување моторно возило.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари