Бизнис
7. August 2015 - 20:09

Изостанува поддршката од банките за стопанството – Фирмите зеле помалку од 3 милиони евра кредити за три месеци

Изостанува поддршката на банките за фирмите. Во првите три месеци од оваа година компаниите зеле помалку од три милиони евра кредити. Ова е најмал раст на кредитирањето на корпоративниот сектор во последните шест квартали. Или според НБРМ растот на кредитирањето изнесувал само 0,1%.

Стогите банкарски критериуми се повеќегодишен проблем за македонските компании. За надминување на кризата реагираше Владата која обезбеди евтини кредити преку ЕИБ. Овие пари помогнаа за подобрување на ликвидноста, но овозможија и нови инвестиции и вработувања.

Од 2009 година обебздени се кредитни линии во вредност од 350 милиони евра. Вкупно со нив се финансирани 1522 проекти и се отворени 6344 работни места.

Во моментов се троши четвртата линија во вредност од 100 милиони евра. Потрошени се 60% од парите за над 300 проекти. А отворени се над 1000 нови работни места.

– Покрај овие 61,7 милиони евра кои се веќе алоцирани кон компаниите, во процес на обработка се барања на уште 61 компанија во вредност од околу 6,7 милиони евра со кои се прдвидува отоврање на 100 нови работни места, МБПР активно работи на нив и се очекува кон крај на август почеток на септември овие сресдтва да станат достапни за компаниите, изјави Александар Ѓоргиев, портпарол на владата.

Кредитите се користени од компаниите во сите сектори. Најмногу во во производството, потоа следи трговијата, транспортот и градежништвото.

Евтините кредити се исполнување на ветувањето кое прмеиерот Груевски го даде на бизнис заедницата.