Свет
30. March 2023 - 9:46

Израел истрела ракети околу Дамаск, повредени двајца војници

Сириските државни медиуми денеска објавија дека Израел извршил „серија ракетни напади“ од својата Голанска висорамнина врз околината на Дамаск, по што двајца војници се повредени и е причинета материјална штета.

Сириската противвоздушна одбрана возвратила со оган и соборила „неколку проектили“.

Во изминатите неколку години, Израел извршил напади врз „иранските врски“ во Сирија, каде силите поддржани од Техеран, вклучително и либанскиот Хезболах, го утврдиле своето присуство за да му помогнат на сирискиот претседател Башар ал-Асад во граѓанската војна што избувна во 2011 година.