Свет
25. July 2017 - 12:39

Извика „Алах е голем“ и со нож нападна полицаец на граничен премин

Непознат маж, извикувајќи „Алах е голем“, со нож нападна и повреди еден полицаец на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Мелиља, соопшти локалната полиција.

- Полицијата уапси маж, кој со нож нападнал полициски службеник на граничниот премин Бени Ензар, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Соидо.

Се претпоставува дека напаѓачот е Мароканец, а како што се наведува, полицаецот се здобил со исеченица на раката. 

Погледнете го драматичното видео како е совладан напаѓачот: