ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА

Утрото започнете го со програмата на телевизија Сител и утринската програма Ја сакам Македонија. Сервисни информации од земјава и светот, актуелни вести, новости од општествено-политичкиот и културен живот, разновидни животни теми и проблеми, разговори со гости во студиото, временска прогноза, како и приказ на традиционални практики, но и модерни тенденции и иновации.

Секое утро разбудете се со утринската на Сител и на дневен ред, одберете да бидете гласот на народот. Одвојуваме простор за да чуете што мислат граѓаните, да се едуцирате, информирате, забавувате и да уживате во репортажите за интересни места и креативни творци од нашата земја.