Македонија
5. јуни 2019 - 16:06

Јанева смета дека Милошоски не треба да преговара, Милошоски дека Јанева не треба да биде обвинител

Иако во извештајот на Европската Комисија законот за јавно обвинителство е веке апсолвирана работа, на  терен  работите никако да мрднат од мртва точка. Специјалната обвинителка се надева дека законот брзо ке биде донесен и покрај отпорот на опозицијата за идниот стус на СЈО. Таа директно го нападна Милошоски, откако тој во преговорите побара  новиот обвинител кој ке биде на чело на ова обвинителство  да има повисок просек од Правниот факултет.

Не може да преговара лице, многу пати сум кажала, кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и дава квалификации за СЈО, за мојата личност или за кое било прашање поврзано со СЈО. Тука мислам на Антонио Милошоски, кој многу се занесува во своите изјави“, рече Јанева.

Милошоски на Јанева и возврати преку социјалните мрежи.

Мојот скромен коментар би бил, со толку висока плата ќе беше полезно и за неа и за јавноста да прочита некоја добра книга за да го збогати својот вокабулар, ако веќе е касно да се поправи нискиот просек од правниот факултет!

Законот за јавни обвинители е спорен и за  стручната јавност . Велат дека не се инволвирани вопроцесот.  Пример за тоа е дилемата околу  користењето  на прислушуваните разговори како доказен материјал, посочува професот Тупанчевски.

Треба да постои одредба каде што еднаш засекогаш ќе бидат отстранети толкувањата дали прислушуваните разговори може да претставуваат доказ во кривичната постапка. Се разбира дека законот е ирелевантен, но решението е релевантно, без оглед за кој закон се работи. Ако ве интересира моето мислење, би било подобро тоа да е решено во Законот за кривична постапка

Според извештајот на  Европската Комисија  земјава тима уште многу да направи во правосудните реформио. Напредокот е оценет како добар,  но севкупната подготвеност на змејата е оценета како умерена во овој клучен сегмент.