-->
-->
Јанша: ЕУ нема да ги отвори миграциските коридори за Авганистан
-->
Ниту еден бегалец нема да прими Словенија, ниту ќе дозволи да ѝ се повтори мигрантската криза од 2015 година, децидно објасни словенечкиот претседател Јанез Јанша во свое обраќање, пренесува МИА.
„Нема да си дозволиме да ги повториме стратешките грешки од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа за време на мисијата на НАТО и на земјите-членки на ЕУ кои ја штитат нашата надворешна граница“, објави Јанша на Твитер.
Дека тоа е навистина така зборува и фактот дека досега во Словенија е пристигнат само еден бегалец, преведувач од Aвганистан со неговото семејство.
„Не е должност на ЕУ или на Словенија да им помагаат и да ги плаќаат сите на планетата што бегаат, иако би можеле да се борат за својата татковина“, додаде Јанша.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог
-
Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец
-
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар
-
Преглед на вестите од светот