Свет
10. October 2019 - 13:16

Јапонија во исчекување на тајфун Хагибис

Јапонија се подготвува за налетот на супертајфунот Хагибис, кој за време на викендот ќе ги погоди централните и источни региони на земјата, носејќи обилни дождови и силни ветрови.

Поради тајфунот, чиј интензитет е еквивалент на ураган од петта категорија, веќе се откажани два натпревара од Светското првенство во рагби, кои требаше да се одржат в сабота, а исто така е откажан и маратонот во градот Сендаи.

Можно е да биде откажана и трката во Формила 1 во Сузука.

Хагинис на филипински јазик значи брзина. Ветерот денеска се движеше со брзина од 270 километри на час во близина на островите Чики во Тихи Океан, околу илјада километри од Токио.