Македонија
8. May 2020 - 19:12

Јавниот превоз вo сабота и недела ќе функционира од 05 до 19 часот во две смени

Јавниот превоз утре, (9 мај) ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред.

Како што соопшти ЈСП, отворени од 7:30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Во недела (10 мај), јавниот превоз ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по неделен возен ред.

За термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите), од ЈСП велат дека ќе информираат во текот на утрешниот ден.

Во недела, од 7:30 до 13 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).