Балкан
25. January 2017 - 17:27

Јилдирим: Договорот од Астана го отвора патот за политичко решение на кризата во Сирија

Турскиот премиер Бинали Јилдерим денеска изјави дека спогодбата меѓу Русија, Турција и Иран за набљудување на примирјето во Сирија е „сериозен успех на дипломатијата“, пренесоа американските медиуми.

Според Јилдерим, спогодбата може да го отвори патот за политичко решение на кризата во Сирија.

Трите земји вчера соопштија што е договорено во Астана, во Казахстан, на крајот од дводневните преговори за Сирија меѓу сириската Влада  и вооружената опозиција.

Јилдерим изјави дека по Астана „почнува работата“ за преговорите за Сирија, планирани на 8 февруари во Женева под агенда на ОН.

Турскиот премиер посочи дека политичкото решение за Сирија треба да ја вклучува новата сириска администрација, задржување на територијалната целост на земјата и претставување на сите групи.

Јилдерим не го спомена сирискиот претседател Башар ал-Асад, забележа американските медиуми.