ЈО: Обвинение за злоупотреба на службена положба во општина Маврово Ростуше
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што информира Јавното обвинителство (ЈО), обвинетиот, како службено лице – раководител на одделение за урбанизам во општината Маврово Ростуше, ги пречекорил службените овластувања и на 02.10.2014 година, по свое лично поднесено барање, завел предмет кој не постои во архивата на Општината, па изготвил извод од план за населбата Маврови Анови со невистинита содржина и спротивен на урбанистичкиот план за населбата.
-Изводот од планот за три катастарски парцели во Никифорово, со вкупна површина од 203 квадратни метри, го употребил за приватизација на градежно земјиште без надоместок, по основ на поранешна сопственост. По поднесеното барање, врз основа на лажните документи, парцелите биле впишани на име на обвинетиот, со што била оштетена државата за 1.248.450 денари, а друго оштетено лице на кое парцелите му следувале согласно вистинскиот урбанистички план, било оневозможено да ги приватизира, соопшти ЈО.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара