Тенис
8. јуни 2017 - 14:14

Јотовски елиминиран од седмиот носител

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот во сингл конкуренција на фјучрсот во Кисељак. Тој денеска загуби од седмиот носител Ерик Крепалди од Италија со 2-1 во сетови. 

Јотовски поведе со 1-0 откако првиот сет го доби со 6:3 во гемови. Во следниот сет противникот беше поуспешен и сетот го доби со 6:2. Вистинска борба се водеше во решавачкиот сет и при 2:2 во гемови Јотовски не искористи 4 брејк топки. 
За Јотовски останува настапот во двојки попладнево каде со Резарт Цунгу треба да играат против третите носители Нермин Фатиќ и Антун Видак.