Тенис
27. May 2016 - 18:11

Јотовски не најде против игра за Катиќ

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Кисељак откако попладнево загуби во 1/4  финалето од Србинот Дејан Катиќ со 2-0 во сетови. Ова беше уште една победа за Катиќ во меѓусебните мечеви, а Јотовски е сеуште без триумф (6-0 за Катиќ).

Првиот сет Катиќ го доби без проблеми со 6:1 во гемови. Во вториот сет Катиќ повторно направи брејк и поведе со 2:1, но Јотовски изедначи на 4:4. Во 11.гем Катиќ направи уште еден брејк што беше решавачко за да го добие и вториот сет. Мечот траеше 100 минути.

Јотовски следната недела ќе настапува на фјучрс турнир во Сараево, а потоа ќе тренира во Белград и Скопје каде ќе се подготвува за трите фјучрс турнири во Скопје, кои ќе се играат од 20.јуни.