Македонија
23. November 2018 - 10:40

ЈП Комуналец-Крива Паланка набави нови контејнери и канти за смет за домаќинства

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка набави нови десет контејнери за смет што се поставени на различни локации на територијата на општината, информираат од претпријатието.

-Во изминатиот период на подрачјето на градскиот и приградски реон поставени се десет нови контејнери, додека старите се сервисираат и оспособуваат за повторно користење. Набавени се и нови канти за смет за домаќинства кои граѓаните можат да ги набават по цена од 960 денари, изјави директорот на ЈП „Комуналец“ Миле Марковски.
 
Информира дека променет е и режимот на собирање смет на подрачјето на општината.
 
– Собирањето смет на главната улица се спроведува во ноќните часови, додека преку ден се врши интервенција по потреба. Нема никаков застој во собирање смет во градот и истото се врши редовно и ажурност, рече Марковски.
 
Апелира граѓаните совесно да го одлагаат отпадот и да не фрлаат несоодветен шут во контејнерите.
 
-Поради несовесно одлагање отпад, земја, градежни материјали и шут во контејнерите, често се случуваат дефекти на возилата за собирање смет. Поради тоа, во периодот на санација на возилата,која одзема финансии и време, доаѓа до не редовно вршење на дејноста, потенцира Марковски.
 
Возниот парк со кој располага ЈП „Комуналец” е застарен, возилата се стари повеќе од две децении и одговорните ја нагласија потребата од набавка на нови возило, потенцирајќи дека  за решавање на проблемот аплицирано е до Јапонската амбасада за донација на возило за смет, но се уште нема повратна информација.
 
Тековно, претпријатието распиша тендер за набавка на нови дигитални водомери.