ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол
Во ЈСП Скопје денеска било одлучено да се реализира интервентна итна набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари односно речиси два милиони евра, без ДДВ. Како што пренесе Телма, имало само еден понудувач, Пуцко Петрол кој бил избран во оваа набавка во четири очи без претходно објавен тендер. Оваа итна постапка била одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на Владата.
Интервентната набавка ќе се спроведува до склучување на редовен договор преку тендер. Но, токму тој денеска бил поништен од страна на комисија на претпријатието. Причина за тоа е што на јавниот повик се пријавил еден понудувач со некомплетна документација, односно без да приложи банкарска гаранција од најмалку 3%.
Проблемот со јавниот превоз во Скопје кулминираше пред една недела кога автобусите на ЈСП останаа во гаражите поради недостиг на нафта. Проблемот привремено се надмина со одлука на Влада, со која на Град Скопје му беше позајмено гориво за седум дена од државните нафтени резерви.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, Владата ќе мора повторно да помогне, но тоа не може да оди во недоглед.
- Како Влада сигруно нема да седиме немо и да набљудуваме, но да дадеме шанса и да видиме денес-утре да не има некоја повторна набавка, да не се предомислат некои од економските оператори. Ако не, ние ќе мораме повторно како Влада да помогнеме, со одредена позајмица да интервенираме за Јавното сообраќајно претпријатие, но тогаш се поставува прашањето до кога вака. Навистина треба да се поведе сметка околку процесот на децентрализација затоа што ако некој не може тоа да го прави, тогаш да интервенираме законски, барем да ги преземеме интегернциите и да ја стабилизараме состојбата, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата.
Резервите на нафта што Владата ги отстапи од државните резерви за ден - два треба да се потрошат, а во меѓувреме беше распишан нов тендер за набавка на нафта за ЈСП по поништувањето на првиот тендер поради што главниот град се најде во ситуација да биде опслужуван само со 30-тина автобуси, а останатите беа паркирани во гаражите поради недостиг на нафта.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка