Јунајтед ќе ја активира клаузулата во договорот на Погба
Раководството на Манчестер Јунајтед размислува за продолжување на договорот на нивната sвезда Пол Погба што е можно поскоро, објави новинарот Николо Шира на Твитер. Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе го контактирале агентот на играчот од средниот ред – Мино Рајола.
Веќе е познато дека Погба ја преиспитува својата одлука летово да го напушти „Олд Трафорд“ и дури е подготвен да го продолжи својот договор. Французинот е импресиониран од играта на Бруно Фернандеш и смета дека може да создаде одлична врска со португалскиот халф.
Светскиот шампион на СП 2018 година има одиграно само 8 натпревари за тимот оваа сезона откако лекува повреда на глуждот. Тој не е на теренот за „црвените ѓаволи“ од крајот на минатата година.
Во исто време, договорот на Погба со Јунајтед е до 30 јуни 2021 година и вклучува опција за уште една година, која Јунајте планира да ја активира.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд