Кошарка
26. November 2019 - 16:41

Јуниорите на МЗТ Скопје патуваат за Задар на турнирот во АБА лигата

Младинците на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва заминуваат за Задар каде од четврток до недела ќе ги играат натпреварите во регионалната АБА лига. 
 
Имено екипата на МЗТ Скопје Аеродром, која минатата година ја освои шампионската титула во генерацијата до 18 години, сега ќе игра на еден од двата полуфинални турнири во АБА лигата за кошаркари до 19 години. Составот на МЗТ Скопје во најголемиот дел од кошаркарите кои се дел од втората екипа на овој клуб која годинава се натпреварува во домашната прволигашка конкуренција. 
 
Во третото издание на младинската У19 АБА лига МЗТ Скопје ќе игра во Б групата, во салата „Јазине“ во Задар, каде покрај домаќинот на турнирот за противници ќе ги има и врсниците од Цедевита Олимпија, Црвена Звезда, Приморска и Морнар. 
 
Во групата А, во Белград, ќе се надигруваат тимовите на: Будуќност, Цибона, Игокеа, Крка, Мега Бемакс и Партизан 
 
Двете најдобропласирани екипи на двата полуфинални турнири ќе се квалификуваат на завршниот „Фајнл фор“ турнирот. 
 
 РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
 
ЧЕТВРТОК (28 ноември)
МЗТ Скопје Аеродром – Морнар (18 часот)
ПЕТОК (29 ноември)
МЗТ Скопје Аеродром – Задар (11.45 часот)
МЗТ Скопје Аеродром – Ц. Звезда (20.15 часот)
САБОТА (30 ноември)
МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита Олимпија (11.45 часот)
НЕДЕЛА (1 декември)
МЗТ Скопје Аеродром – Копер Приморска (11.45 часот)