Loading Video...
Кошарка
20. јуни 2019 - 18:58

Јуниорките поразени од Турција, утре и задутре против Бугарија и Грција

Речиси сите младински македонски кошаркарски во овој период од годината се активни. Тие се подготвуваат за претстојните шампионати од кои два од нив ќе се одржуваат во нашата земја. 
 
Скопје ќе биде домаќин на женските младински првенства за кошаркарки до 18 и до 20 години. Од 5 до 14 јули ќе се одржи Европското првенство (дивизија Б) за јуниорки на кои ќе земат учество 23 земји.
 
Како дел од овие подготовки јуниорките, селекцијата до 18 години, од денеска до сабота во малата сала на СЦ Јане Сандански ќе одигра три контролни натпревари. 
 
Денешниот прв, против врсничките од Турција нашите јуниорки го загубија со убедливи 61-101.
 
Утре (петок  од 19:15 часот) нашите младики ќе играат против Бугарија, а во сабота од 17 часот за противнички ќе ги имаат врсничките од Грција.