Јункер подготвил план за иднината на ЕУ без Велика Британија

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер утре ќе го претстави неговиот план за иднината на Европската унија по заминувањето на Велика Британија, најави денеска неговиот портпарол Маргаритис Шинас.
Таканаречената „Бела книга“ на Јункер ќе биде претставена пред Европскиот парламент откако денеска документот ќе го разгледаат еврокомесарите.
Потоа, лидерите на ЕУ на самитот на 9-10 март ќе го разгледаат планот на Јункер, што, како што наведе Шинај, има за цел да покренe дебата пред состанокот во Рим.
На тој состанок во Рим на 25 март, што се одржува по повод годишнината од Римските договори со кои е основана ЕУ, ќе биде усвоена посебна декларација за новите планови за иднината.
Римската декларација веројатно ќе ги опфати наредните десет години и се претпоставува дека ќе содржи сугестија за „Европа со повеќе брзини“ со која членките на ЕУ ќе можат да одлучат колкава интеграција сакаат.
Лидерите сакаат да ја поведат Европа напред и да не дозволат целиот европски проект да пропадне во, како што се очекува, многу тешки преговори со Велика Британија за нејзиниот излез, што се очекува да се случи во 2019 година.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
