Фудбал
12. March 2016 - 8:36

Јуве победи со голот на Дибала

Фудбалерите на Јувентус минимално славеа над Сасуоло во премиерниот натпревар од 29.кол, во Серија А. Јувентус ја заблежа 21-та првенствена победа, 18-та на последните 19 натпревари и го продолжи походот кон петтата последовна титула.
 
Натпревар за заборав одиграа Јувентус и Сасуоло, но „Старата дама“ ја оствари целта и стигна до трите бода, со кои има шест бодови предност пред Наполи, кој во ова коло ќе му гостува на Палермо.
 
Единствениот фудбалски момент на мечот се случи во 36.минута, кога Паоло Дибала го постигна еденствениот гол.