Loading Video...
Фудбал
20. January 2022 - 18:31

Јувентус, Интер и Сасуоло се пласираа 1/4-финалето на Италијанскиот куп

Во италијанскиот Куп останува уште едно празно место за четвртиналето. 
 
Бранителот на тофејот Јувентус пласман меѓу осумте најдобри обезбеди со убедливата победа над Сампдорија со 4-1, додека Сасуоло миминално го победи Каљари со 1-0, па Јувентус и Сасуоло ќе се сретнат во четвртфиналето. 
 
Лидерот во Серија А, тимот на Интер се изнамачи во дуелот со Емполи, па откако Ранокиот во 91-та минута го спаси Интер од елиминација израмнувајќи на 2-2, во продолќението односно 104-минута со голот на Сенси тимот од Милано славеше победа со 3:2, а со тоа и пласман во четвртиналето во кое за противник ќе го има подобриот од вечерашниот меч меѓу Рома и Лече. 
 
Останатите четвртфинални парови ги сочинуваат, Аталанта – Фиорентина и Милан – Лацио.
 
Четвртфиналните дуели ќе се играа од 8 до 10 февруари.