-->
-->
Каевски: Ја сфаќам нервозата кај опозицијата, поинаку ја замислуваа седницата за избор на нова влада
-->
Во реплика на пратеникот Јован Јаулески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот на СДСМ порача дека пратениците од опозицијата се нервозни затоа што пропадна нивната лага за ново парламентарно мнозинство.
– Ја сфаќам нервозата кај пратениците од опозицијата, тие поинаку ја замислуваа седнцата за избор на нова влада. Во делот на легитиметот, треба да знаете дека на локални избори се бираат градоначалници кои ги водат општините, на парламентарни избори се бираат пратеници кои потоа бираат влада. На предвремените парламентарни избори во 2020 граѓаните ја дадоа довербата на ова парламентарно мнозинство и оваа влада“ порача Каевски.
Каевски додаде дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ владата предводена од СДСМ не ги крие проблемите под тепих, туку храбро ги решава отворените прашања истовремено зачувувајќи го македонскиот идентитет и посебност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анчелоти не му дозволува на Јовиќ да замине во Фиорентина
-
Училиште во Србија забрани бермуди, па момче дојде во фустан
-
Руска салата на менито на Самитот во Мадрид
-
Џонсон: Злобно е тоа што Путин го направи во Украина
-
220 санкционирани возачи во Скопје: 92 за брзо возење
-
СДСМ: Има голема разлика, Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски прифати погубна резолуција на ЕПП
-
Француското претседателство завршува, нема информации за нов предлог за тргање на бугарското вето
-
Седница за интерпелација за претседателот на Собранието Џафери