Бизнис
21. March 2020 - 16:49

Како ќе се заштитат граѓаните од наплата на долговите кон банките?

Скроена уредбата  со која ѓраѓаните и фирмите ќе можат да ги замрзнат, пролонгираат или репрограмираат  кредитите. Се чека да се усвои на владина седница, по што секоја банка ќе одлучува дали и какви поволности ќе им даде на своите клиенти, информира министерката Ангеловска. Граѓаните и фирмите очекуваа  замрзување на ратите на 3 месеци , поради нарушената ликвидност  предизвикана од корона кризата., како што направија Народните банки си речиси сите земји во регионот. Но, наместо тоа  Централата одлучи деловните банки да можат да ги олесната  услови, ако проценат дека има потреба од тоа. Денеска гувернерката појаснува – тоа е единствениот механизам што може Народната банка да го направи. Не смее да пропише обврските да не се плаќаат.

Народната банка нема законска надлежност да пропише неплаќање на обврски кон банките и штедилниците. Максимумот што можевме да го направиме го остваривме со регулаторните измени донесени вчера – остваривме максимално релаксирање на регулаторните услови за да се намали финансискиот товар на граѓаните и компаниите, Очекуваме банките и штедилниците активно да ги користат можностите дадени со одлуката што ја донесовме вчера, бидејќи и во нивен интерес е да помогнат компаниите да го пребродат овој шок и да можат да опстанат на долг рок и да имаат капацитет за да можат понатаму да ги сервисираат обврските, кажа Ангеловска-Бежоска.

За да се зголеми нарушената ликвидност кај граѓаните и фирмите, предизвикана од корона кризата, замрзнување на плаќањето рати за кредит на најмалку 3 месеци, бара и опозицијата.

Инаку, вчера Храватската Народна банка по барање на нивното  Здружение на банки направи измени за да можат да ги одложат плаќањата на ратите на  3 месеци , а со тоа да не преземаат  мерки за присилна наплата на долгот. .На овој начин сметаат дека ќе им помогнат на најпогодените полесно да го пребродат кризниот период. Доколку граѓаните и фирмите  не побараат мораториум на обврските - може да продолажат со плаќањето. Така  одлучи и Народната банка во Србија , која  наложи целосен застој во отплатата на сите кредити, не пократок од 90 дена и тоа за сите корисници на кредит и лизинг  Ако клиенетот сакат да продолжи со отплата – треба он лајн да ја извести банката – во спротвно  ќе се смета дека прифака одлагање на плаќањето.