Свет
25. March 2016 - 8:52

Како на филм: Излетал од патот - нема да им верувате на очите!

Црн автомобил се заглавил во неверојатна позиција, кога се стркалал низ насип во Хај Виком во Британија.

Кога пожарникарите стигнале на местото, поставиле кордон околу возилото, а возачот на БМВ-то е сместен во амбулантно возило. За среќа не е сериозно повреден.

Ако сликава ја погледнавте само еднаш, веројатно ќе помислевте дека во прашање е снимање на некој филм. Но овој автомобил, кој совршено се припил меѓу влезот и ѕитчето всушност е инцидент предизвикан од невнимание зад воланот.