Македонија
2. January 2017 - 12:57

Како на филм - Тешка кражба во Виница

На 01.01.2017 година во 00.15 часот, телефонски во ПС-Виница, З.М. (42) од Виница пријавил дека во периодот од 22.00 часот на 31.12.2016 до 00.15 часот на 01.01.2017 година непознат  сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот, преку необезбедена гаражна врата, влегол во дворот, а потоа со употреба на алат ја отворил влезната врата од куќата, се качил на катот од куќата, извршил пребарување и одзел околу 5.000 евра, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.