Loading Video...
Свет
20. January 2021 - 16:43

Како светот го запамети Трамп по четири години поминати на власт

Трамп стана претседател со најлош рејтинг во поновата историја на САД. Така и си замина од функцијата. Се запиша и како прв американски претседател на кој два пати му е изгласан импичмент во Претставничкиот дом на Конгресот. 

Влезе во Белата куќа по неговата долга и богата бизнис кариера. За цело време Трамп се обидуваше да го победи скандалот кој го следеше цел мандат – руската вмешаност во изборите во 2016. Го зеде здраво за готово зборот на Путин пред неговите безбедносни служби.

- Тој само што кажа дека не е Русија. Ќе го кажам ова, не гледам причина зошто би била.

Како претседател нареди забрана за влез во САД за граѓани на повеќе муслимански земји, донесе закон за кратење на јавните давачки и даноци и укина делови од законот за здравствено осигурување на претходниот претседател. Почна ракетен напад врз Сирија, го повлече САД од иранскиот нуклеарен договор, повлече и многу акти за заштита на животната средина.

- САД ќе се повлече од Парискиот климатски договор.

Почна да гради ѕид со Мексико за да го спречи мигрантскиот бран.

- Носат дрога, носат криминал, тие се силувачи и некои, претпоставувам, се добри луѓе. Мексико ќе плати за ѕидот.

Неговата администрација беше осудувана за одвојување на деца од нивните родители на мексиканската граници. Беше обвинет за потиттикнување насилство дома – кога ги повика војниците да задушат мирен протест против расна неправда во близина на Белата куќа и за насилниот упад во Капитол од стрна на негови привзаници кој заврши со 5 мртви.

Испиша историја со средбата со Севернокрејскиот лидер, ги убеди Србија и Косово да потпишат економски договор, прогласи победа над ИСИС. Се заглави со Кина за трговија а и се налути за ковид 19. Го прележа виурсот. Често со неговите изјави на тема ковид ги оставаше збунети научниците.

 - Гледам дека средство за дезинфекција го уништува за една минута. Можеме ли да правиме нешто со тоа? Некаква инекција.

Посака уште еден 4 годишен мандат но не го доби. Не успеа да ја оспори победата на Бајден.

Во последната изјава како претседател на САД , Трамп се пофали дека во својот мандат не почнал војна, ја подобрил економијата, неговата администрација добро се справувала во борбата со ковид и им честиташе на научниците за развојот на антиковид вакцини за многу кратко време. И посака успех на новата администрација а говорот го заврши со порака до Американците.

Збогум, Ве сакаме. Ќе се вратиме во некоја форма. Имајте убав живот. Ќе се видиме наскоро.