Македонија
30. November 2015 - 12:34

Каков воздух дише Македонија

Загаденост на воздухот со високи концентрации на ПМ10 честички од ноќеска регистрираа мерните станици во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Кичево, Тетово, Кавдарци и Велес.

Во Центар од 20 часот синоќа концентрациите се над максимално дозволените, а утрово во осум часот се регистрирани 85 метри кубни ПМ10 честички на метар кубен, во Гази Баба во текот на ноќта достигна и до 126 метри кубни, а од утрово се намалуваат и во осум часот беа измерени 31 метар кубен, но во 11 часот се измерени 114 метри кубни. 
Во Карпош, Лисиче, кај Ректоратот повисоки концентрации се измерени во текот на ноќта а во осум се измерени 83, 65 и 41 метар кубен.

Во Кичево во текот на ноќта се движеле концентрациите од 130 до 145, а утрово во осум часот се измерени 51 метар кубен.

Во Тетово мерните станици регистрираат високи концентрации од вчера во 16 часот, а во осум часот се измерени 126 микрограми.

Во кавадрациутрово се измерени 75, во Велес 71 и во Битола 77 микрограми на метар кубен.