Loading Video...
Македонија
21. September 2021 - 21:16

Какви пораки доби еврокомесарот за проширување од средбите во Софија?

Уште еден обид на ЕК да ги смири тензиите и да го покрене дијалогот меѓу бугарската и македонската страна наиде на ѕид во Софија. Бугарскиот престедател Радев во разговорот со еврокомесарот Вархеји побарал од Скопје реални и конкретни резултати, а од ЕУ да ја притисне Македонија да ги почитува човековите права. Според Радев во Македонија живеат 120.000 Бугари кои воедно се и европски државјани и затоа Унијата има обврска да го гарантира нивното право на самоопределување. Тој на Вархеји му посочил дека Бугарија веќе не им верува на празните ветувања од Скопје туку бара целосно спроведување на договорот за доброседство и одлуки кои ке бидат правнообврзувачки, во спротивно нема напредување во процесот на интеграцијата.

„Ова, исто така, ќе го забрза процесот на европска интеграција за Република Северна Македонија. Румен Радев потсети дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија потпишан во 2017 година не се спроведува и нашиот сосед сè уште не ги решил проблемите со говорот на омраза и конструирање лажна слика за Бугарија во учебниците, музеите и спомениците, како и кон граѓаните на земјата кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест“, се вели во соопштението од средбата на Радев со Вархеји на која присуствуваше и шефот на бугарската дипломатија Стоев.

За разлика од ваквиот тон од кабинетот на Радев, Вархеји на Твитер кратко напиша дека е задоволен од разговорот во кабинетот на Радев.

-Со Претседателот се согласивме дека проширувањето со Западен Балкан е  важен приоритет и заедничка стратегија со Европската Комисија која мора да напредува особено во овие времиња на големи предизвици. Работиме заедно на тоа, се вели во твитот на европмесарот за проширување.

Во меѓувреме и САД го зголемува притисокот во Софија.

„Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија кон ЕУ. Тие го претвораат во мултилатерално прашање што влијае засега сите нас “, е пораката којашто ја испрати новиот специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Според него, дадени се некои „добри решенија“ за решавање на прашањето и Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија да најде компромис.