Какви сопруги се жените според хороскопските знаци
Сите влегуваме во брак со различна замисла и идеја, но заедничка е онаа дека треба да трае вечно.
Па, ако ги анализираме жените според хороскопот, со која бракот е идеален и има потенцијал да трае вечно, а со која бракот е невозможен?
Хороскопските знаци се рангирани од најдобри сопруги до најлоши:
1. Рак
Ако барате лојална личност со која ќе може да поставите цврсти столбови, вашата идеална сопруга е родена во знакот на Рак. Жените Ракови го обожаваат семејството и ќе направат сè за да бидат во хармоничен брак. Не лажат и се врзуваат за цел живот. Намерите им се секогаш добри и чисти.
2. Риби
Рибите се сопруги полни со љубов и ќе направат апсолутно се за партнерот да биде среќен. Имаат развиена креативност, па се одлични партнерки за создавање на семејство и растење на интелигентни деца. Рибите жени се полни со разбирање, паметни и лојални.
3. Вага
Во овој знак се родени најпријатните луѓе. И тоа се дуплира доколку влезете во брак со нив. Жените Ваги се динамични мислители кои имаат долгорочни цели и ќе ве инспирираат да го постигнете истото. Никогаш нема да ве предадат, а за возврат сакаат промислена нежност. Презираат манипулација. Обожаваат секс и подготвени се да експериментираат.
4. Бик
Нивната тврдоглавост и желбата за конструктивни разговори е она што ќе го одржи бракот динамичен. Жените Бикови се интелигентни и не сакаат само физичко врзување. Ќе мора да им понудите многу повеќе од само вашето присуство. Како сопруги, лојални се додека се задоволни и имаат изразен мајчински инстинкт.
5. Водолија
Иако Водолиите важат за силни и независни, способни се да понудат неверојатна љубов и поддршка како животни партнери. Единствено со нив ќе мора да внимавате да не им станете здодевни, бидејќи не поднесуваат монотонија. Паметни се и вреди да ги задржите. Како сопруги се еден од најдобрите избори кои секој маж може да го направи.
6. Јарец
Жените Јарци знаат одлично да балансираат меѓу бизнисот, домашните обврски, децата и сопругот, па затоа се добар материјал за среќен брак. Кога ќе влезете во брак со Јарец, ќе сфатите дека нивната организираност ќе ви го олесни животот. Сепак, ако сакате да доцните со рати и не стигнувате на време на закажаните состаноци, очекувајте конфликти.
7. Близнаци
Имаат доволно љубов и поддршка, но, додека сте им интересни. Кога интересите ќе им се променат, се менуваат и како личности. Близнаците како сопруги се креативни, лојални и страствени, но сепак си го бранат знакот како „дволични“. Мора да ги запознаете и задоволите и двете страни ако сакате хармонијата да потрае.
8. Скорпија
Не толку ужасен избор, но не и најдобар. Жената Скорпија ќе го извади најдоброто од секој маж, меѓутоа ќе мора да имате цврсти ставови. Како сопруга, ќе се обиде да ви ги побие мислењата повеќепати од очекуваното. Ќе ви покаже колкав ви е прагот на трпеливост. Кога се работи за секс, очекувајте ежење од новитети.
9. Девица
Ќе мора да се откажете од тоа да бидете главни ако влезете во брак со жена Девица. Таа знае што е добро, а што лошо за неа, па нема секогаш да помисли на вас пред да одлучи било што. Понекогаш најдобро е да кажете „да, драга“ и тоа да го мислите. Ако сакате да добиете љубов од неа, ќе мора да се навикнете да ѝ удоволувате.
10. Лав
Сопругите Лавици ќе ви дадат се што имаат, но и ќе ве почестат со бонус промени на расположението. Нејзините среќни и депресивни моменти се многу чести и ако не знае што сака, очекувајте другите да бидат виновни, претежно сопругот.
11. Овен
Жените родени во знакот на Овен се фантастични и прекрасни. Лесно е да се заљубите во нив. Како сопруги се лојални, но очекуваат екстремна лојалност и од другата страна. Доколку почувствуваат заладување на односите, без размислување ќе ве напуштат. Потрудете се да не ги разочарате, бидејќи во спротивно ќе откриете што значи пекол.
12. Стрелец
Со нив никогаш нема да знаете на што сте, дури и да носат ваш прстен на раката. Како жените се фантастични и се борат за она што го сакаат. Но, си ја сакаат слободата. Дури и да успеат да ви останат лојални, може да не се вклопувате во голем дел од нивните креативни планови. Може да доживеете перфектен брак само ако сакате чудно секојдневие.
Ново на Сител
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница