Свет
7. August 2018 - 8:33

Калифорнија не памети ваква катастрофа: Пожарите уништија речиси 115.000 хектари шума


Пожарите во американската сојузна држава Калифорнија до сега уништија 114.850 хектари шума додека пожарникарите успеаја да локализираат околу 30 отсто од огнот, соопштија денеска локалните власти на САД.

Два пожари на северот од Калифорнија кои се споија, уништија површина речиси еднаква на градот Лос Анџелес, наведоа властите и додадоа дека две лица во последните денови настрадале од огнот.

 
View image on Twitter

Овогодинешните пожари ја надминаа површината на уништени шуми од пожар во декември 2017 година кога исто така во Калифорнија се уништени 114.078 хектари.

Над 14.000 пожарникари се ангажирани во гасењето на поголем број поголеми и помали пожари во таа американска сојузна држава.

Неколку илјади луѓе се евакуирани од избивањето на пожарот, а на одреден им е овозможено враќање.