Loading Video...
Тенис
7. July 2022 - 14:22

Калин Ивановски по голема борба елиминиран во 1/4 финалето на Вимблдон во јуниорска конкуренција

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на јуниорскиот дел од Гренд-слем турнирот во Вимблдон.
 
Во четвртфиналната рунда Ивановски беше совлада од Шпанецот, Педро Роденас со 1:2 во сетови.
 
Калин започна одлично и првиот сет го доби по само  24.минути игра препушти му на противникот само три гема (6-3). 
 
Во вториот кој траеше речиси еден час, Калин покажа голем карактер. Откако Шпанецот поведе со 5-1 во гемови, нашиот тенисер се врати во игра да стигне до тај-бреј, во кој по водството од 5-2 на поени, го делеа два поени од полуфинале, но сепак Роденас го доби сетот со 7-6 (7-5 на поени).
 
Во решавачкиот трет сет Ивановски како да загуби сила па по бројните неизнудени грешки го загуби сетот со 6-4, а со тоа и мечот 2:1. 
 
Иако Калин пропушти можност да се вброи меѓу четворицата најдобри јуниори на Вимблдон, сепак со својот настап во Лондон само уште еднаш потврди дека ова 18-годишно момче има огромен потенцијал.