Џет-Сет
22. јуни 2016 - 10:25

Калвин Харис ќе напише песна за раскинувањето со Тејлор Свифт

Поп пејачката Тејлор Свифт од сите свои поранешни неуспешни романси направи хитови, а меѓу „опеаните“ се и Џо Џонас, Хери Стајлс, Џон Мејер и Џејк Џиленхол.

Но, нејзиното последно момче, 32-годишниот шкотски Ди-Џеј Калвин Харис е решен овој пат „да ја претрка“ и тој да напише песна за крајот на нивната врска.

Да се присетиме. Тие првпат се сретнаа на доделувањето на наградите „Епл Стајл“ и нивната врска траеше 15 месеци. Оставија впечаток на совршена двоојка, но на почетокот на месецов тие ја прекинаа љубовната врска, наводно поради тоа што Калвин сметал дека „меѓу нив веѓе нема никаква страст“.

Сепак, се чини дека 26-годишната пејачка не е премногу погодена од тоа, бидејќи уште во мај беше видена како цела вечер танцува со Том Хидлстоун, со кого сега наводно е во врска.